Сајбер напад во Шведска: Испливаа податоци на 1,5 милион граѓани
По сајбер нападот врз шведски снабдувач на ИТ решенија, „Милјоедата“, на интернет беа обелоденети приватни информации на приближно 1.5 милиони граѓани, што претставува околу 15 проценти од целата популација на Шведска.
Јавната обвинителка Сандра Хелгадотир соопшти дека е во тек истрага за пробивот на податоци, но дека во овој момент нема индикации кои би укажувале на инволвираност на странска држава.
Групата „Датакери“ (Datacarry) ја презеде одговорноста за сајбер инцидентот, барајќи 1.5 биткоини (околу 150,000 евра) за да не ги дистрибуираат податоците.
Во текот на сајбер нападот, беа компромитирани и податоци на 164 локални самоуправи и четири регионални администрации. „Милјоедата“ објави дека украдените информации, кои содржат имиња, живеалишта и телефонски броеви, се пласирани на даркнет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа