СДСМ: Дали кредитот од 6 милијарди евра се навистина само за инфраструктура, или се цена за нешто повеќе

 


„Владата потпиша договор вреден 6 милијарди евра, а јавноста засега доби само фотографии, изјави без конректна содржина и никаква инфомрација за клучните прашања кои ги поставија јавноста а произлегоа од многу медиуми. Нема ништо освен флоскули за „историски моменти“ и „големи инвестиции“, но воопшто не се знае ништо за позадината на овој договор“, велат од СДСМ.

„Во кратко интервју на Мицкоски за битанската телевизија Скај, кое утрово го објавуваат медиумите, а за кое Владата воопшто не информираше, Мицкоски избегнува да одговори дали со британскиот премиер ќе се разговата за примање на мигранти во Македонија како дел од договорот за стратешко партнерство. Ова сомнително однесување на премиерот го поставивме како прашање уште преед неколку дена но Владата упорно молчи. Со објавувањето на скриеното интервју на Мицкоски веќе сомнежот е преголем и Владата мора одма да одговори:

Дали кредитот од 6 милијарди евра се навистина само за инфраструктура, или се цена за нешто повеќе – за нешто што засега се крие од јавноста? Согласно информациите од британските медиуми, но и од изјавите на британските официјални претставници, договорот во делот на мигацијата подразбира „широка соработка“.

Информации во британските медиуми и од изјави на тамошни политичари се дека Обединетото Кралство планира во иднина и безбедносни аранжмани, вклучително и за мигрантски кампови на Балканот. Прашањето кое три дена нема одговор е конркетно и насочено до Владата:

Дали сте подготвени во иднина да прифатите Македонија да стане зона за смествање на мигранти? Дали договорот каков што е остава простор дека за ова може да се разговара во иднина? Дали можете експлицитно и јасно да потврдите дека ниту сега ниту во иднина Макеоднија нема да разговара за ваков политички ангажман?

Македонија и грѓаните имаат право да знаат, дали има некакво ветување, дали има некакви разговори на оваа тема и што точно се разговара. СДСМ не води евтина политика – ние поставуваме суштински прашања што никој друг не се осмелува. Ако Владата нема што да крие, нека одговори. Отворено, јавно и транспарентно“, се наведува во соопштението на СДСМ.

21.05.2025 - 11:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега