Шефот на НАТО: Сите членки се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 проценти

 

Земјите-членки на НАТО се согласија за амбициозни нови цели за зајакнување на одбранбените капацитети, вклучувајќи воздушна одбрана, авиони, тенкови, беспилотни летала, логистика, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по состанокот на министрите за одбрана на Северноатлантската алијанса.

Значително зголемување

„Овие цели точно опишуваат во кои капацитети сојузниците треба да инвестираат во наредните години. Воздушна одбрана, борбени авиони, тенкови, беспилотни летала, персонал, логистика и многу повеќе. Сето ова е потребно за да ја направиме нашата одвраќање и одбрана силна за да ја гарантираме безбедноста на нашите милијарда луѓе“, рече Руте на завршната прес-конференција.

Руте објави дека на самитот на Алијансата подоцна овој месец ќе предложи инвестициски план во вкупен износ од 5 проценти од БДП за одбранбени капацитети, со 3,5 проценти од БДП за основни воени инвестиции и 1,5 проценти за други области поврзани со одбраната, како што се инфраструктурата, индустријата итн.

Генералниот секретар нагласи дека постои „широка поддршка“ за значително зголемување на трошоците за одбрана. Тој исто така рече дека НАТО ќе остане „нуклеарен сојуз сè додека постои нуклеарно оружје“.

05.06.2025 - 21:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега