Сиљановска-Давкова се сретна со мароканскиот министер Бурита: Почеток на нова ера во меѓусебните односи

 


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Насер Бурита, министер на Кралството Мароко за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници, кој престојува во официјална посета на земјава.

Според неа, Мароко, како една од водечките земји во МЕНА регионот е природен политички и економски мост меѓу Европа и Северна Африка,  со клучна улога во регионалната стабилност и просперитет, како и во гарантирањето меѓународен мир и безбедност.

Министерот Бурита, во својата прва официјална посета на македонската држава, препознава почеток на нова ера во градењето меѓусебни односи. 

Сиљановска-Давкова ја истакна важноста од меѓусебната соработка во меѓународните организации, а особено во рамките на ОН, Меѓународната организација на франкофонијата, како и во Унијата за Медитеранот.

За соговорниците, Билатералниот договор за културна соработка, којшто владите го потпишаа во декември минатата година, ќе го продлабочи меѓусебното разбирање и почит.

Мароканскиот министер изрази подготвеност за стратешка соработка во сферата на енергијата.

Тој, во името на мароканскиот крал, ѝ упати покана за посета на Кралството Мароко.

21.07.2025 - 18:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега