Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени

 

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна заштита. 11.000 потрошувачи останаа без електрична енергија. Објавените фотографии и видеа покажуваат како силниот ветер носел дрвја, како и обилни дождови и град, како и поплавени улици.

Дванаесетгодишно дете загина кога врз него падна дрво на југозападот од Франција, а маж загина кога неговиот квадбајк удрил во паднато дрво на северозападот, објавија француските медиуми, како што објави ртс.рс.Силното невреме што ја погоди Франција следеше по топлотниот бран што ја погоди таа земја, кога температурите надминаа 40 степени.

26.06.2025 - 18:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега