ВЛЕН: Уставниот суд ја потврди неправдата кон албанската дијаспора, ќе ја исправиме

 


Одлуката на Уставниот суд го потврдува она што ние во ВЛЕН го кажуваме долго време: последниот попис на населението, предводен од тогашната влада на ДУИ-СДСМ, беше една од најштетните и навредливи акции за албанската дијаспора, велат од ВЛЕН.

-Претходната влада, преку Заводот за статистика и во целосна координација со политичките структури на ДУИ, ги создаде категориите “резидентно население“ и “нерезидентно население“, третирајќи ги нашите иселеници како граѓани од втор ред. Ова беше намерен политички чин за минимизирање на вистинската тежина на Албанците во државата. Ова беше обид да се поништи придонесот и политичката тежина на албанската дијаспора, за ситни партиски интереси. Во очаен обид да ги измијат рацете од одговорност, ДУИ праќа свој пратеник за да ја брани неправдата што ѝ ја нанесе на албанската дијаспора, со разработени, но празни аргументи, велат од ВЛЕН.

„Ние во ВЛЕН јасно го кажуваме: штетата е направена, но ќе ја исправиме секаде каде што е можно! Одлуката на Уставниот суд е победа за правото, победа за албанската дијаспора и доказ дека државата не може да се однесува арогантно кон своите граѓани.

ВЛЕН е посветена на воспоставување на достоинството на албанската дијаспора, целосно вклучување во политичкиот и институционалниот живот и исправување на секоја неправда наследена од минатите влади“, се наведува во нивното соопштение.

26.06.2025 - 16:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега