Скопјанец заработи кривична - продал туѓ автомобил

 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Г.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во март 2024, пријавениот со едно лице од Тетово се договорил да купи патничко возило за сума од 2.200 евра, а исплатата да биде за еден месец.

Откако го земал возилото го препродал на друго лице и го известил оштетениот дека треба прво нему да му го префрли возилото, по што ќе му ги даде парите.

Но, до пријавувањето, тој не му ги дала парите на лицето.

25.06.2025 - 13:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега