Собранието ќе расправа за интерпелацијата за Јавниот обвинител – ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата за разрешување на Коцевски
Собранието денеска во рамки на 64. седница се очекува да ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, а на дневен ред на седницата е и интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител - Љупчо Коцевски, поднесена од опозициската Левица. Според најавите, седницата се очекува да ја води претседателот на Собранието Африм Гаши, кој по здравствените проблеми од минатата недела првпат ќе седне на спикерското место.
Засега се знае дека за интерпелацијата ќе гласаат пратениците на Левица, СДСМ се изјасни дека се против, лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски изјави дека нивните пратеници ќе ја поддржат интерпелацијата, исто така и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддпжи иницијативата за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа