Сообраќајка во Битола: Тешко повреден мопедист

 


Вчера во 22:30 часот во СВР Битола, било пријавено дека на крстосницата од ул.„7-ми Јули“ и ул.„Широка“ во Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(49) од Битола и мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Ф.П.(20) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

05.09.2025 - 19:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега