Стоилковиќ со честитка за Илинден: Да ги негуваме вредностите на единство
Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедници, Иван Стоилковиќ упати честитка по повод 2 Август, Илинден - Денот на Републиката, како што посочи, еден од најдлабоко врежаните датуми во историската и колективна меморија на македонскиот народ и држава.
-Честувајќи го Илинден, денот кој нè обединува и инспирира, оддаваме почит на историските подвизи и вредносните темели врз кои се изгради идејата за слобода, правичност и заедништво. Денешниот Илинден нѐ потсетува на одговорноста која ја носиме – да ја чуваме и унапредуваме Републиката, да ги негуваме вредностите на единство, солидарност и разбирање, и да работиме за иднина во која секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено и еднакво. Нека е честит 2 август, Илинден - Денот на Републиката! Нека неговата порака за единство, достоинство и визија за подобро утре биде наша водилка, стои во честитката од вицепремиерот Стоилковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа