Таравари: Не нарекуваа предавници затоа што ги напуштивме платите и луксузите на власта
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, преку објава на Фејсбук го коментираше заминувањето на Салим Сулејмани, кој пред неколку дена поднесе оставка од пратеничката функција. Таравари вели дека со одлуката да одат во опозиција, функционерите на АA се откажале од платите и луксузите на власта поради несогласување и за оваа постапка биле наречени предавници, прашувајќи „како се нарекува Сулејмани, кој го продал народот за да стане амбасадор“.
„Салим Сулејмани пред неколку дена поднесе сензационална оставка.
Рече дека заминува поради поголема причина што нè изненади...
Прво не верував дека Салим Сулејмани може да се шегува до овој момент, но сега стана и официјално изненадувањето за кое зборуваше:
Салими е назначен за амбасадор во Персискиот залив.
Не нарекуваа предавници затоа што ги напуштивме платите и луксузите на власта како знак на несогласување со неа, сега кога официјално излегоа вистините, прашувам
Како се вика Салими кој го продаде народот за да стане амбасадор?!“, напиша Таравари.
28.05.2025 - 21:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа