Тешко повреден 16-годишник: Со мопед се судрил со „шевролет“
Вчера во 14:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.З. од Скопје и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван 16-годишник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
10.09.2025 - 14:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа