Томовски: Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така
Вечерва во Тема на ден на Сител телевизија гостуваше член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски кој дискутираше за помошта од страна на Владата кон настраданите од несреќата во Кочани.
Томовски истакна Владата пружила максимална поддршка на семејствата со што издвоила од буџетот на државата 30 милиони денари, и потенцираше се додека трае процесот на закрепнување државата ќе прави и ќе даде се од себе за овие лица да продолжат нормално понатаму со својот живот.
„Поделени се на сите семејства по 150 илјади првично помош, после тоа имаше нови 150 илјади на одредени семејства и сега последната бранша на поделени пари беше од онаа анализа којашто ја направија стручните лица, медицинските лица, на кој колку додатно би му требале трошоци за долекување. Она што ние го одвоиме како средства директни од државата се почетни 30 милиони денари од резервите на буџетот на државата коишто беа наменети за транспорт и сместување на лицата коишто се во поддршка на лицата коишто се на лекување во странство, исто така како држава овозможивме транспорт на истите лица од Македонија до дестинациите каде што беа, бесплатно здравство и ве убедувам дека се додека не заврши овој процес до крај, додека не ги излечиме и не ги ставиме во нормала на функционирање овие лица ќе ги помага државата и ќе прави се од себе за да можат овие лица да продолжат понатаму со својот живот“, рече Томовски.
Томовски објасни дека одморалиштето Пониква е спремно и со сите соодветни услови.
„Еден таков пример е одморалиштето во Пониква кадешто обезбедени се соодветни услови, првата група ќе биде во понеделник околу 30 лица. Има различни барања има чести јавувања она што го прави координативното тело од Влада ги примаат тие повици и често одржуваме состаноци гледаме што е можно решливо во моментот, се пружи секоја можна помош којашто може да се пружи, Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток сега и ќе остане така“, рече Томовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа