Топол бран цела седмица: Подгответе се за температури до 42 степени

 

Под влијание на топол бран до сабота (26 јули) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Утре, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во југозападниот, источниот и североисточниот регион температурата ќе се движи во интервал од 34 до 38 степени Целзиусови. Во Полошкиот регион од 32 до 38 степени, во Пелагонија 38 до 40 степени, а во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион од 38 до 42 степени Целзиусови.

21.07.2025 - 11:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега