Трагедија ја потресе Македонија: Едно лице загина во сообраќајка, има и повредени

 


Едно лице го загуби животот, а има и повредени во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на аеродромот во Охрид.

Според првичните информации, до несреќата дошло при судар на две патнички возила.


 

На местото на несреќата биле веднаш испратени екипи на Службата за итна медицинска помош, на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и на сообраќајната полиција.

Извршен е увид за утврдување на околностите што довеле до трагичниот настан.

10.07.2025 - 11:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега