Трагедија пред Демир Хисар: Загина 45 годишен маж
45 годишен маж од село Загориче, демирхисарско, загина во тешка сообраќајна несреќа што се случла вчера, околу 17:30 часот, на регионалниот пат Битола – Демир Хисар, во близина на крстосницата за село Драгарино.
Возилото „Фолксваген Поло“ со кое управувал излетало од коловозот, а од здобиените повреди возачот починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид изврши јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола, а истрагата за причините на несреќата е во тек.
14.07.2025 - 12:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа