Трамп: Разочаран сум од Путин, но не сум завршил со него
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, но нагласи дека не го отфрла целосно. Во интервју за Би-би-си, дадено само неколку часа по објавата за нови испораки на оружје за Украина и најавата за високи царини кон Русија, Трамп рече дека сè уште се работи на мировен договор и оти прекин на огнот е можен во рок од 50 дена.
„Разочаран сум од него, но не сум завршил со него. Но сум разочаран од него,“ рече Трамп, одговарајќи на прашање за својот став кон Путин.
Тој откри дека постоеле четири обиди за договор со Русија за запирање на војната, но секојпат тие завршувале со нови напади.
„Ќе имаме одличен разговор. Ќе речам: ‘Тоа е добро, мислам дека сме блиску до договор,’ и потоа тој ќе урне зграда во Киев“, изјави американскиот претседател.
Во последниве недели, Русија ги засили нападите со дронови и ракети врз украински градови, при што е забележан рекорден број цивилни жртви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа