Уапсена двојка од Неготино - украле 30.000 евра, при претрес им пронашле и дрога

 

Вчера во 22:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода 36-годишната Ц.Н. и Д.Н.(50), двајцата од Неготино, поради основано сомнение дека извршиле кражба, при што одзеле околу 30.000 евра од домот на брачен пар од Неготино.

Со судска наредба бил извршен претрес во нивниот дом, каде биле пронајдени и одземени 2320 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата. Додека, денеска (08.08.2025) со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на 62-годишната З.Т. и Т.Т.(34) од Неготино, мајка и брат на Ц.Н., при што во просторија каде живеела нејзината мајка биле пронајдени и одземени 2485 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата, зелена растителна материја, таблети екстази и бела прашкаста материја.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
08.08.2025 - 16:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега