Успешната соработка продолжува: Новоматик Македонија и во следната сезона генерален спонзор на ФК Вардар

 

Со договор за значителна финансиска поддршка Новоматик Македонија и во следната фудбалска сезона останува генерален спонзор на ФК Вардар. Продолжувањето на договорот беше официјализирано на прес конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на Новоматик Македонија, менаџментот на ФК Вардар, капитенот Горан Закариќ, како и други членови на корпорацијата и клубот.

 

„Денес, заедно со капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ, објавуваме дека спортската бајка продолжува! И во следната фудбалска сезона Новоматик Македонија и ФК Вардар го продолжуваат договорот за генерално спонзорство во вкупна вредност од дополнителни 1 милион евра. Наша заедничка цел останува да придонесеме во градењето на силен спортски колектив кој ќе биде предводник на новата ера успеси на македонскиот спорт“, изјави на прес конференцијата по повод продолжувањето на договорот, г-динот Петар Пенчев претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.

 

Од Новоматик Македонија велат дека одлуката за продолжување на договорот за соработка е донесена бидејќи ФК Вардар не е само спортски клуб туку симбол на македонскиот идентитет и успешен национален амбасадор. Капитенот Закариќ од име на клубот, играчите и стручниот тим ја поздрави одлуката на Новоматик Македонија нагласувајќи дека поддршка на компанијата претставува и директна поддршка на заложбите за здрава и просперитетна младина.

„Младите секогаш гледаат пример во професионалните спортисти и се идентификуваат со нивните индивидуални и колективни спортски успеси. Затоа, секоја компанија која инвестира во спортот, всушност инвестира во здрава и просперитетна младина. Импресивни се заложбите на Новоматик Македонија да го поддржи плановите на спортскиот колектив и актуелниот клупски менаџмент за обнова на спортското реноме на ФК Вардар. Како капитен сакам да ја уверам јавноста дека сите фудбалери продолжуваат да го даваат својот максимум за да ги оправдаат очекувањата“, истакна капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ.

 

Инаку, Новоматик Македонија од пред 3 месеци е спонзор и на Фудбалската Федерација на Македонија. Само во македонскиот фудбал Новоматик Македонија во период од 2 години спонзорски вложува повеќе од 3 милиони евра.

Дополнително, како светски лидери во индустријата игри на среќа оваа корпорација е спонзор и на ракометниот клуб Вардар, кошаркарскиот клуб МЗТ и фудбалскиот клуб Кожув.

08.07.2025 - 15:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега