Вечерва пукање во Тетово од мотор во движење

 

Пукање од мотор во движење вечерва се случило во Тетово, објави Алсат. Инцидентот се случил на улица 111, позната и како населба Теќе.

Засега информации за евентуални жртви во пукотницата. Нема ниту официјална потврда од МВР иако според телевизијата, на лице место имало полиција. 

Алсат пишува за можна поврзаност на престрелката со претходни два инциденти.

 

26.05.2025 - 22:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега