(ВИДЕО) Уапсен напаѓачот кој пукаше во двете момчиња во Косово
Полицијата го уапси напаѓачот на српските момчиња, пренесува „Коха“.
Според првите информации уапсен е А.К.(33), припадник на косовските безбедносни сили, пренесуваат медиумите од регионот.
„Две момчиња од Србија, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење“, објави Канцеларијата за Косово во српската влада.
Ранетиот Милош Стојановиќ објасни како се случил инцидентот: „Отидовме по Бадник како и секоја година. Излеговме на пат да се сликаме, по фотографирањето дојде автомобил, не знам кој испука куршум, ме погодија во раката. Веројатно се Албанци, уште не сме сигурни. Побегнаа веднаш по пукањето, исчезнаа“ изјави за „Косово онлајн“ ранетиот млад човек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа