Влада: Преку 9 милијарди денари за земјоделците
Владата објави дека во текот на изминатата година беа реализирани исплати во износ од преку 9 милијарди денари на име на акумулирани и тековни субвенции за сите категории земјоделци.
“Над 9 милијарди денари одат директно во џебовите на земјоделците. Наша обврска како Влада е субвенциите да се исплаќаат навремено и неселективно, а не како претходно кога земјоделците беа целосно заборавени, понижени и поделени.”
“Со ова директно ги помагаме земјоделците и поттикнуваме раст на земјоделското производство, сѐ со цел да се подготват за следната година, а не како претходно кога поради неисплатени субвенции и доцнење имавме пад на земјоделското производство,” се вели во официјалното известување.
Владата тврди дека државата претрпува трансформација, при што земјоделството е клучен елемент за економски прогрес и еволуција на државата.
“Една година Влада значи одговорно и посветено работење во интерес на земјоделците. Го вреднуваме трудот на македонските земјоделци. Земјоделството е еден од најважните столбови за економски напредок и развој на Македонија. Се обврзавме пред земјоделците и ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!”, се заклучува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа