Властите со детали за двојното убиство во Прилеп: Мотивите се нерачистени имотни прашања
На 12.07.2025 во 21.20 часот во ОВР Прилеп К.Ч.(43) од Прилеп пријавила дека од домот се оддалечиле нејзиниот сопруг П.Ч.(43) и нејзиниот 13-годишен син и истата изјавила дека можно било да отишле во куќата на нивниот роднина П.Ѓ.(62) од Прилеп.
Од страна на полициски службеници била извршена проверка во домот на П.Ѓ. но никој не ја отворил вратата. По наредба од јавен обвинител, полициски службеници со употреба на сила ја отвориле вратата и кога влегле во куќата едно лице фрлило бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, било пукано кон нив, при што од полициските службеници било возвратено со пукање од службено оружје кон куќата. Денеска (13.07.2025) во 01.35 часот од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт како последица од повреди од огнено оружје кај П.Ч., П.Ѓ. и 13-годишен малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР за Прес24.
Дополнително, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.
Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа