ВМРО-ДПМНЕ: СДС се автори на пензионерската сиромаштија
Очигледно е дека СДС е партија која со години ги замрзнуваше пензиите и потценуваше пензионерите, а денес има дрскост да зборува за измами и оштетени пензионери?!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните знаат дека во времето на СДС, пензиите стагнираа, инфлацијата беснееше, а трошоците за живот на пензионерите растеа без компензација.
СДС одбиваше да ги усогласи пензиите со растот на цените, пензионерите беа оставени сами на себе, без реална поддршка, без зголемувања кои го следат растот на економијата. Тие го урнаа системот, а сега се претставуваат во улога на спасители, но јавноста е свесна за нивниот евтин политички театар.
Очигледно е дека СДС пласира дезинформации и паника.
Едно е јасно дека тие се градители на сиромаштија и актери на лажна загриженост.
Нема логика оние кои системски ги крадеа пензионерите, денес да зборуваат за „заслужено“ и „оштетени“. Тие се последните кои имаат морално право на тоа.
СДС ги лажеше пензионерите и понижуваше со покачувања по 59, 75 или 120 денари.
Денес за разлика од минатото, пензиите се зголемуваат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за пензионерите со ново линеарно покачување на пензиите, со кое пензионерите добија зголемување од 2000 денари, односно со новата методологија до март 2026 година пензиите ќе пораснат вкупно за 7000 денари.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и го овозможува сето она што им беше ускратено на пензионерите изминатите седум години, овозможи историски највисоко покачување на пензиите за 7000 денари, за да можат лицата од трето доба достоинствено и безгрижно да уживаат во пензионерските денови“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа