ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ниту на оглас не можат да најдат кандидат за градоначалник на Град Скопје
Во СДС владее очај и конфузија, Венко Филипче не може да најде кандидат за градоначалник на Град Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Филипче се во паника бидејќи ниту на оглас не можат да најдат кандидат, па по цели денови бараат решение и молат луѓе да прифатат кандидатура, но никој не сака да се впушти во битка која е однапред изгубена.
Во СДС се свесни за катастрофалниот пораз што ги чека во октомври бидејќи ги гледаат резултатите од анкетите кои покажуваат сооднос 5:1, во корист на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Рејтингот на СДС и нивните потенцијални кандидати за Скопје е на историско дно. Скопје ги знае СДС по неработење, криминал, неспособност, и токму затоа граѓаните ја изгубија довербата во партијата предводена од Филипче а и тој лично знае дека ги чека дебакл уште во првиот изборен круг.
Филипче очајно се обидува да најде лице кое ќе прифати да биде дел од бродот што тоне и да го сноси поразот додека рејтингот им е на ниво на статитстичка грешка“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа