ВМРО-ДПМНЕ: Секој студент ќе добие по 250 евра
Наместо декларативни изјави како во минатото СДС и ДУИ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата, нуди решенија и покажува вистинска грижа за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Секој студент, со навршени 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало.
Сите редовни и вонредни студенти на додипломски студии запишани на државни или приватни факултети во Македонија до наполнети 29 години ќе добијат ваучер од 250 евра (15 300 денари) за набавка на техничка опрема обезбедување на персонален компјутер, таблет компјутер или лаптоп пренослив компјутер.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува изборните ветувања а со овој конкретен проект се обезбедуваат еднакви шанси за секој млад човек. Сите млади ќе имаат еднаков пристап до модерно образование.
Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ продолжува со континуирана поддршка, мерки и проекти со цел задржување на младите и студентите во сопствената држава“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа