ВМРО-ДПМНЕ: Времето на економски грабеж заврши
Од СДС не очекуваме конструктивна или пак аргументирана критика, туку празни соопштенија кои ги пишуваат колку да помине денот. Тоа е само доказ дека кај нив владее очај и паника, од тоа што следи во октомври, а тоа е историски најголем пораз на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Времето кога инфлацијата беше над 20%, кога граѓаните живееја со 150 денари на ден, кога платите и пензиите стагнираа во нивно време – сега тоа време заврши. Сега сме сведоци на поинаква политика која е исклучиво во интерес на граѓаните и подобрување на животниот стандард.
Состојбата која ја наследивме беше тешка и лоша, но не се предадовме туку работевме и денес продолжуваме во ист правец.
Од држава која беше на раб на банкрот, сега сме држава која е во топ 5 економии во Европа. Држава во која платите растат во образованието, културата, полицијата, здравството, пензиите се зголемуваат – сега веќе и до 7000 денари за само 18 месеци!
Растот на БДП е 3.2% што е убедливо подобар од минатите години на владеење на СДС. Индустриското производство бележи раст од 9,4%, извозот на земјоделските производи е зголемен за 50% во споредба со минатата година. Исто така, многу важно е да се напомене дека после долг период, ребаланс на Буџет ќе се прави поради зголемени приходи, а не поради минус.
Овие индикатори значат раст, развој и економска стабилност како и правилно управување со јавните финансии. Ова значи чесно и домаќинско работење, за добробит на граѓаните.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги остави граѓаните како што тоа го направи СДС, туку напротив, ќе работи за подобрување на стандардот“, стои во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа