Загина украински пилот, се враќал од борбена мисија
Мајорот Серхиј Бондар, пилот на борбен авион МиГ-29, загина за време на подготовките за слетување по завршена борбена мисија во ноќта меѓу 22 и 23 август.
Информацијата ја објави украинското воено воздухопловство.
„Пилотот на борбениот авион МиГ-29, мајорот Серхиј Бондар, 46-годишен, загина за време на подготовките за слетување“, соопшти воздухопловството.
Во моментот се собираат информации за причините и околностите на несреќата.
23.08.2025 - 16:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа