Захарова: Ситуацијата во Косово не е далеку од конфликт од големи размери

 

 

 

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги коментираше последните настани на Косово.

„Новото заострување што изби во покраината убедливо покажува дека отстапувањето од сегашната регулаторна рамка за Косово само ги провоцира приштинските екстремисти. Ситуацијата не е далеку од вистински конфликт од големи размери“, рече Захарова одговарајќи на прашањето на медиумите за Косово, пренесува Б92.

Синоќа беше објавено дека се слушнале истрели на северот на Косово, а денеска српската војска стационирала неколку топови и хаубици во близина на границата со Косово.

26.12.2022 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега