Зајакнување на граничната соработка: Тошковски и Дачиќ потпишуваат протоколи за „One stop“ систем на Табановце-Прешево

 


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ ќе се сретне утре со македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, по што ќе бидат потпишани протоколи за соработка во граничниот сообраќај и воспоставување на One stop системот на граничниот премин „Табановце - Прешево“.

Потпишувањето ќе се одржи во Регионалниот центар на граничната полиција кон Македонија - Прешево, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Дачиќ и Тошковски ќе го потпишат Протоколот меѓу МВР на Република Србија и на Република Северна Македонија за начинот на спроведување на гранични проверки на граничните премини за меѓународен патен сообраќај во Прешево и во Табановце.

Дополнително, директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ и директорот на Бирото за јавна безбедност на Македонија Александар Јанев ќе потпишат Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона.

03.07.2025 - 18:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега