Земал нож од кујната на хотелот и почнал да боде - пронајдени две ранети лица

 


Две лица се повредени во терористички напад со нож во хотел во кибуц во Израел. Напаѓачот, 42-годишен маж од Ерусалим со криминално досие, бил вработен во хотелот.

Според тамошните медиуми, напаЃачот зел нож од кујната и извикувајќи „Алаху акбар“ нападнал 50-годишен маж, нанесувајќи му сериозни повреди, и 23-годишен маж, кој се здобил со полесни повреди.

Напаѓачот бил совладан од полициски истражител кој не бил на должност и кој престојувал во хотелот. Повредените се пренесени во болница.

12.09.2025 - 15:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега