Земјотрес ја погоди Македонија

 


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

07.07.2025 - 15:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега