Ако летате за Германија - одвојте си повеќе пари

 

Патувањата од аеродромите во Германија станаа значително поскапи во услови на континуирано слаба понуда на летови и високи даноци и такси, а нискобуџетните превозници, исто така, го следат овој тренд, покажа истражувањето на Германскиот центар за воздухопловство и вселенски патувања –ДЛР (DLR).

Авионските билети во еден правец без багаж чинат во просек помеѓу 67 и 130 евра, пресмета ДЛР во анализата во која беа вклучени четири водечки нискобуџетни превозници во Германија.

Пред една година, ваквите билети чинеа помеѓу 66 и 110 евра.

Цените на нискобуџетните авионски билети исто така растат, а Рајанер повеќе не е најевтин, со просечна цена на билет од 80 евра, во споредба со минатогодишните 66 евра.

Најскап билетот во Еуровингс, подружницата на Лутфханза, каде просечната цена на билет во еден правец чини од 130 евра, што е за 20 евра повисока од минатата година.

ДЛР, исто така, анализираше бројни европски авио линии од 11 март и цени за четири периоди на резервација, од еден ден до три месеци пред летот.

Најскапите во тој период беа билетите за патување во последен момент, со цени кои се движеа од 119 евра (Визер) до 169 евра (Еуровингс). Билетите резервирани три месеци пред летот беа малку поевтини во просек и чинеа помеѓу 46 евра (Рајанер) и 90 евра (Еуровингс).

Најскапиот билет во еден правец за лет на Еуровингс од Дизелдорф до Стокхолм, резервиран една недела претходно, имал цена од 499,99 евра.

Истовремено, Германија заостанува зад остатокот од Европа во закрепнувањето од пандемиската криза, бидејќи сообраќајот сè уште не го достигнал нивото од предпандемиската 2019 година. Капацитетите изразени преку бројот на седишта сè уште заостануваат за девет проценти во споредба со 2019 година, додека во другите европски земји тие веќе го надминале нивото пред пандемијата за 10 проценти, откри Германската воздухопловна асоцијација БДЛ (BDL).

08.07.2025 - 15:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега