Ангелов во Берлин на "Вулкански Штит" на НАТО
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов како висок национален претставник на Македонија во Комитетот за градење отпорност на НАТО, од денес до четврток (16-18 септември 2025) во Берлин ќе учествува на серија настани на кои НАТО сојузниците разработуваат безбедносна симулација базирана на сценарио, насочена кон зајакнување на отпорноста во услови на сложени кризи: нарушувања во енергетските и комуникациските системи, сајбер-напади, хибридни закани.
„Целта е подобрена координација, цивилна подготвеност и колективна одбрана.
Активирање консултации согласно член 4 од Северноатлантскиот договор, за заедничка проценка на заканите, координиран одговор и кредибилно одвраќање и одбрана“, истакна Ангелов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа