Паднаа двајца службеници на МВР: Избрале кандидат за полицаец кој не ги исполнувал условите

 


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.Џ. и В.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот А.Џ., во моментот на сторување на делото на работно место државен советник за правни работи во Кабинет на Заменик на министерот во МВР, во својство на член на Комисијата за спроведување на процесот за селекција и избор на кандидат за полицаец во Министерството за внатрешни работи, на 15.07.2022, при вршење на селекција на пријавените кандидати, своерачно се потпишал на табеларниот преглед - рубрика „исполнува критериуми“ на кандидат за полицаец, иако според податоците кои биле внесени, кандидатот не ги исполнувал условите.

Второпријавената В.Ш., во моментот на сторување на делото на работно место државен советник за управување со човечки ресурси во Кабинет на Министерот за внатрешни работи, во својство на Претседател на Комисијата за спроведување на процесот за селекција и избор на кандидат за полицаец во МВР, не го спречила првопријавениот своерачно да се потпише во табеларниот преглед на постигнати резултати со што дозволила кандидатот за полицаец да биде внесен во ранг листата на кандидати кои поминуваат во следната фаза на тестирање и му овозможиле да биде избран и упатен на основна обука за полицаец во Центарот за обука при МВР.

16.09.2025 - 15:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега