Бујар Османи: Чаир не е мој „План Б“, ќе останам со граѓаните до крај

Повторно не сакам да се занимавам со противкандидатот. Но, при неговото прво претставување, кога ја објави кандидатурата, рече: ‘Јас ја напуштам Владата, граѓани’. И сите помислија дека дава оставка. Зашто тоа е природно: кога се кандидираш за една општина, ја напушташ функцијата, затоа што општината не смее да ти биде ‘План Б’. Или тука, или таму. Ако победам тука.“
Така одговори кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, на прашањето на новинарите како го коментира фактот што Изет Меџити, неколку дена пред да ја објави кандидатурата, ја сменил адресата од Бутел, каде што живее, во Чаир.
„Ја спомнав вчера, Теута Арифи, кога се кандидираше за градоначалник на Тетово, поднесе оставка од функцијата заменик-премиер за европски прашања. Невзат Бејта, министер за локална самоуправа, кога се кандидираше за Гостивар, поднесе оставка. Дури и нивниот сопартиец, Зекирија Ибрахими, беше пратеник и поднесе оставка кога се кандидираше за Чаир. И тоа е воспоставено правило. Бидејќи пораката што им се испраќа на граѓаните е дека јас не барам резервна варијанта, План Б, ако ме извадат од Владата. Зашто тие знаат дека веднаш по изборите ќе има парламентарни избори и ќе се промени структурата на Владата, а јас да имам едно министерско место без функција. Тоа е нечесно кон граѓаните,“ рече Османи, и го предизвика Меџити да потпише договор дека нема да ја напушти општината.
„А она што многу кажа за мене, бидејќи го слушнав во еден говор кога рече: ‘Бујар можеби ќе го искористи Чаир како трамболина за да влезе во Владата’. И затоа велам, ајде да направиме договор, ќе потпишеме двајцата, јас ќе потпишам, дека нема да ја напуштам Општина Чаир без разлика каква понуда ќе ми биде дадена. Не министер, не премиер, не претседател, се додека граѓаните на Чаир ни го даваат својот мандат. Но, дојди и ти потпиши договор дека ќе поднесеш оставка, не само кога ќе ги загубиш изборите поради бројки и мандати, туку од чест, бидејќи тоа е етичко прашање, прашање на еден веќе воспоставен принцип, и кај нас и кај вас, и граѓаните тоа го очекуваат. Не може истовремено да бидеш министер и да излегуваш со проекти на Владата, промовирајќи ги како кандидат. Владата испрати соопштение до новинарите, во кое стои: кандидатот за градоначалник на општината ќе има настан за промоција на проекти на Министерството за животна средина. Ова е скандалозно во секоја земја во светот. Каде има такво нешто, Владата да ги поканува медиумите на активности на еден кандидат?“ рече Османи, додавајќи дека сепак, граѓаните ќе ја дадат својата оценка на 19 октомври.
12.09.2025 - 17:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа