Дрисла сè уште гори, се шири густ чад, на терен седум пожарникари
Пожарот што избувна вчера во 15:15 часот, на депонијата Дрисла сè уште е активен, извести ЦУК.
„Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина. Во гаснењето на пожарот интервенираат 7 пожарникари со 2 противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Според моменталната состојба, пожарот не се шири и не претставува закана за околната шума, населба или населено место“, стои во соопштението од ЦУК.
10.09.2025 - 12:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа