Европа во канџите на жештината: Починаа 1.500 лица од топлотниот бран

 


Климатските промени речиси тројно го зголемија бројот на смртни случаи поврзани со топлината во големите европски градови за време на екстремниот топлотен бран од крајот на јуни до почетокот на јули, според нова студија објавена во среда. Научници од Обединетото Кралство, Данска, Холандија и Швајцарија анализирале услови во 12 големи европски градови помеѓу 23 јуни и 2 јули.

Студијата на Империјал колеџ во Лондон и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина ги вклучувала Барселона, Мадрид, Лондон и Милано, меѓу другите, каде што истражувачите рекле дека климатските промени ги зголемиле температурите на топлотниот бран до 4 степени Целзиусови.

Тие проценуваат дека околу 2.300 луѓе починале од причини поврзани со топлината во текот на 10-дневниот период, при што околу две третини од смртните случаи – околу 1.500 – се припишуваат на климатските промени.

Температурите во многу градови се искачија на екстремни нивоа во тој период, честопати надминувајќи 40 степени Целзиусови.

Без глобалното затоплување, за кое студијата вели дека ги зголемило дневните температури во градовите за дополнителни 1 до 4 степени Целзиусови, околу 800 луѓе би умреле од топлотен удар, според пресметките на научниците.

За анализата, тимот ги споредил реалните температури регистрирани во градовите во тој период со моделирани вредности што би се случиле без климатските промени. Потоа го пресметал очекуваниот број на смртни случаи поврзани со топлината за двата сценарија.

Неодамнешниот топлотен бран особено ги погодил ранливите групи, како што се луѓето со претходни здравствени проблеми и постарите лица. Според тимот, 88% од проценетите смртни случаи се случиле кај луѓе на возраст од 65 години и повеќе.

09.07.2025 - 09:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега