Фетаи на чело на новиот Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот

 

Владата ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, кој ќе претставува дополнителна алка во координацијата на институциите за борба против организиран криминал и корупција. Советот ќе го предводи вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, а во него членуваат клучни носители на јавни функции од секторите за правда, финансии, безбедност и обвинителство.

Од Кабинетот на Фетаи велат дека воспоставувањето на Советот е дел од стратешките реформи насочени кон поефикасно спроведување на финансиски истраги, конфискација и поврат на имот.

„Државата се гради секој ден, а граѓаните мора да бидат сведоци на конфискација на нелегално стекнатата имотна корист и да имаат можност истата да ја користат преку нејзина социјална пренамена,“ велат од Кабинетот на Фетаи, нагласувајќи дека политичката и административна поддршка за работата на Комисијата и Советот ќе продолжи со несмалено темпо.

 

Со новоформираниот Совет се очекува унапредување на меѓуинституционалната соработка и поефективно справување со финансискиот криминал.

10.09.2025 - 17:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега