ФОТО: Спречен обид за криумчарење дрога на ГП „Богородица“, Германка во џеб и чанта криела епрувети со кокаин
Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за криумчарење на наркотични средства, пред два дена, на граничниот премин Богородица.
Извршена била контрола на германско патничко моторно возило комбе, со царинско куче. Со комбето за влез во Македонија се пријавиле двајца германски државјани, а биле пронајдени наркотици во женска чанта на сопатникот.
-При извршениот детален преглед, пронајдени се три пластични епрувети завиткани во хартиено марамче наполнети со прашкаста материја во бела боја кокаин, во чантата била пронајдена и една алуминиумска фолија во која била завиткана материја од растително потекло со зеленкаста боја и карактеристичен мирис марихуана како и 33 парчиња капсули во рефусна состојба исполнети со бела прашкаста материја од групата стероиди. Пред да и биде извршен личен претрес од џебот извадила уште шест пластични епрувети наполнети со прашкаста материја со бела боја кокаин, спакувани во прозирна зипер кесичка кои ги фрлила на земја, информираат од Царинската управа.
Предметот е даден за вештачење во МВР Оддел за форензички испитувања, а против осомничената e поднесена кривична пријава за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од КЗ.
-Преку професионализам и високата посветеност на царинските службеници во борбата со сите облици на криминал постигнуваме резултати во борбата против нелегалната трговија, додаваат од Царина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа