Герасимовски: Нова шанса за практиканти во Општина Центар, плата 15.000 денари
Општина Центар распиша јавен повик за практикантска работа, наменет за студенти и апсолвенти од Градежниот и Архитектонскиот факултет.
„Ова е втор јавен повик годинава, а од претходниот веќе се ангажирани четворица практиканти во општината. Целта е младите да стекнат работно искуство и да видат како функционира една општина одвнатре. Воедно, за оние кои ќе покажат сериозност и посветеност, ова може да биде и шанса за идно вработување,“ порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Практиканството трае шест месеци, со работно време од четири часа дневно и месечен надомест од 15.000 денари.
По завршувањето, секој практикант ќе добие официјална потврда за реализирана практична работа.
Повикот е активен од 7 до 20 јули 2025 година, а практикантите ќе започнат со работа на 1 август.
Заинтересираните кандидати треба да достават барање за практикантство, доказ дека се студент или апсолвент, копија од лична карта, број на трансакциска сметка и кратка биографија.
Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
За дополнителни информации, јавете се на телефонските броеви : 02/3203-600 и 02/3203-655, на е-мејл адреса: vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk,
или на веб страница на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=25893
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа