Ѓорѓиевски: Спремен сум да го воскреснам Скопје
Спремен сум да го воскреснам Скопје, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на заедничката прес-конференција со претседателот на партијата, Христијан мицкоски.
Заблагодарувајќи се за поддршката од партијата, актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода рече дека очекува поддршка од централната власт доколку ја добие поддршката од скопјани.
-Апсолутно сум свесен во каква состојба се наоѓа Градот Скопје. Апсолутно сум свесен за девастираноста на Градот, за сивилото коешто владее и во коешто живееме сите скопјани. Но исто така сум спремен по завршување на овие избори повторно да го воскреснам Скопје, односно да Скопје стане град за достоинствен живот за сите наши сограѓани, град без делби. Јас ќе останам достапен и близок до сите граѓани во Градот Скопје. Не очекувајте од мене салонски политичар затоа што и во мојата општина додека раководев изминативе четири години покажав дека сум сѐ освен салонски политичар, односно дека сум човек којшто многу често е во населените места, многу често е меѓу граѓаните и секогаш сум подготвен да ги ислушам нивните потреби и барање. Така ќе биде и во Градот Скопје, ве уверувам во тоа, рече Ѓорѓиевски во обраќањето пред партиското седиште.
Најави дека од утре ќе почнат теренските активности за креирање на програмата. Меѓутоа рече дека во фокусот на неговата програма ќе бидат сообраќајниот хаос, дивите депонии, хигиената.
-Градот е прљав, народски кажано. Ние немаме улици, немаме маало коешто нема проблем со хигиената. Сѐ што најмногу ги тишти скопјани изминативе, не само четири години, и неколку години претходно. Ние не можеме да направиме далечна отстапка од она како Петре Шилегов владееше со Градот и Скопје и Данела… тука речиси и да нема разлика, рече Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа