Груевски ја нападна опозицијата: Лажете, мојата влада заврши околу 50% од патот Фариш-Дреново
Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски реагираше на социјалните мрежи откако опозициската СДСМ објави дека завршила 90% од работите на експресниот пат Фариш – Дреново.
„ЛАГА!!! Лага е дека СДСМ завршила 90% од работите на делницата Фариш-Дреново, кој е 10 километарски дел од експресниот пат Градако-Прилеп. Немам податок колку во оваа една година завршила актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ, но знам дека владата која јас ја предводев заврши околу 40-50 проценти од градежните работи, одкако претходно 3-4 години макотрпно ги заврши сите подготовки за почеток на градбата: физибилити студија и разни елаборати, целосна урбанистичка документација, целосно проектирање на експресниот пат, долга процедура на аплицирање и добивање заем, и решавање на многу почетни проблеми кои вообичаено се јавуваат во вакви проекти особено на теренот.
Овој експресен пат за прв пат го ветивме во нашата програма и активно работевме. По смената на власта во 2017 година, имаше еден подолг застој на градежните работи од неколку години, во кој во сред градење имаше и нов тендер за градба, пред да продолжи градбата со прилично бавно темпо. Со лаги и нечесност сами се закопаа и ја загубија власта со катастрофална казна од страна на екекторатот. И уште тераат со истата матрица“, објави Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа