Хорор во Радовиш: Избоден 29-годишник позади угостителски објект
Дваесет и деветгодишниот П.Б. од Радовиш бил избоден позади угостителски објект во градот.
„Едно лице со остар предмет му нанело повреди на П.Б.. и го напуштило местото“, велат од МВР.
Ова се случило синоќа околу полноќ, а момчето било хоспитализирано со повреди во Здравствениот дом Радовиш.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
26.05.2025 - 14:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа