Жена пронајдена почината во стан во Скопје, телото предадено на обдукција
Денеска во 01.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Карпош, била пронајдена почината М.К.М.(82).
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.
27.05.2025 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа