Јаневска: Ќе има учебници за сите деца
Денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска изјави дека наредната учебна година ќе има учебници за секое дете, најавувајќи дека дотогаш ќе се надминат одредени недоразбирања помеѓу министерството, општините и училиштата.
Јаневска ова го изјави за време на работната посета на Тетово, на последниот ден од учебната година и по повод завршената реконструкција на ОУ „Андреја Савески – Ќиќиш“.
„Очигледно има некакви недоразбирања меѓу раководствата на училиштата, па и меѓу некои општини и централната власт. Учебници треба да има за секое дете. Министерството ќе обезбеди учебник за секое дете. Постојат некои недоразбирања каде што се бараат учебници кои реално ги нема и реално нема ни учебници затоа што училиштата не ги побарале од министерството. Оваа година сериозно ќе се потрудиме тој предизвик да го надминеме и токму затоа утре ќе имаме прес-конференција. Молам да следите сè во детали, ќе биде опишано за да не доаѓа до такви недоразбирања“, истакна Јаневска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа