Зеленски бил спремен за мировен самит
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, порача дека Киев е подготвен за мировна средба на највисоко ниво, но само доколку Москва покаже вистинска сериозност и искрена подготвеност за прекин на војната и воспоставување праведен и траен мир.
Изјавата на Зеленски доаѓа по најновите пораки од рускиот претседател Владимир Путин дека Русија е „принципиелно“ подготвена за преговори. Во објава на Телеграм, Зеленски порача дека Украина не одбива разговори, но нема да учествува во процеси кои служат само за одолговлекување на конфликтот и избегнување санкции.
„Ако пораките од Москва се искрени и не се обид за купување време, ние сме подготвени да се сретнеме со лидерите во секое време“, изјави украинскиот претседател, пренесе РБК Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа