Јаневска за проблемот со недостиг од учебници: Училиштата не пријавиле навреме

 


Постои недоразбирање кое во иднина ќе треба да го решиме, а за кое многу пати сме зборувале. МОН многу пати повикуваше што се треба да се направи, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска за проблемот со недостиг од учебници во некои училишта кои не пријавиле навреме во МОН колкав број им е потребен за замена на неупотребливите учебници.

По настанот „Градиме нови мостови" во ОУ "Живко Брајковски" во општина Бутел, Јаневска рече дека „и во овој момент праќаат дописи до училиштата".

- Ќе продолжиме понатаму да ги допрецизираме правилниците, за децидно да им укажеме што, како и во кој период треба да направат, за во иднина да немаме вакви проблеми. За дел од проблемите бараме и изнаоѓаме решенија и голем дел од учебниците ќе можеме да ги надокнадиме на разни начини, а во иднина се надевам дека повеќе ќе немаме вакви проблеми затоа што сметам дека веќе воспоставувсме стабилен систем за снабдување со учебници, истакна Јаневска.

На прашање во кои училишта има вакви проблеми, таа одговори „за жал, низ целата земја имаме такви примери". Но, рече, веќе се обидуваат да обезбедат поголем број учебници. Дополнително, како што посочи, „има мала несоодветнст во распределбата", па некаде каде што има вишок ги префрлаат во училишта каде што недостигаат.

16.09.2025 - 13:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега