Македонците јадат 11,8 грама чоколадо на ден, познато каде се јаде највеќе
Според некои историчари, чоколадото пристигнало во Европа токму во јули 1550 година. Тоа е релативно бргу по откривањето на тн. Нов Свет, т.е. Северна и Јужна Америка – кон крајот на 15. век, од каде што потекнува какао-овошјето.
По повод „најслаткиот ден во годината“ – 7 јули, Денот на чоколадото, порталот „Ворлд попјулејшн ривју“ објави топ-листа со земјите каде што најмногу се јаде чоколадо. На овој список Луксембург е на прво место, и луѓето во оваа земја јадат просечно 27,1 грама чоколадо на ден. Исланд е втор (со 19,7 гр. дневно). Потоа следуваат Црна Гора (19,6 гр.), Латвија (18,8 гр.), Ирска (16,7 гр.) итн.
Македонските граѓани се малку подолу од врвот и јадат 11,8 грама чоколадо дневно.
Се верува дека какао-овошјето потекнува од Амазонија, иако може да се одгледува и во Средна Африка, Индонезија, Хаваите, Флорида, поточно на потоплите места на Земјата – блиску до Екваторот.
Шпанија ги предводи државите чиишто граѓани јадат помалку од грам чоколадо на ден. Натаму следат и Јужнокорејците, Колумбијците, Иранците, Холанѓаните, Белгијците, Кубанците… На дното на овој список се Бурунди, Нигер, Индија, Мексико и Етиопија, каде што луѓето јадат 0,02 или 0.01 грам чоколадо на ден, според ова истражување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа