Македонец загина во сообраќајка во Србија

 

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се здобил со тешки телесни повреди, објави РТС.

Возило „киа“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон Хоргош, излетало од патот, а потоа се превртело.

Во несреќата загинал сопатникот Н.А.(39), додека возачот А.А.(60) е тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица каде што ја прима потребната медицинска помош, извести РТС.

Сообраќајната полиција и обвинителот на Основното јавно обвинителство во Суботица биле на местото на настанот.

Основното обвинителство на Суботица наведува дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во јавниот превоз.

04.07.2025 - 10:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега